Најдобриот тенисер соошти дека преку Фондацијата, кооја ја води со својата сопруга, ќе донира милион евра за респиратори и дополнителна медицинска опрема.
“Респираторите во моментов се најнеопходната медицинска опрема за спасување на животите”, рекол Ѓоковиќ и додал дека респираторите ќе се набават од Кинаа дел и од Германија.
Ѓоковиќ кажал дека изминатите недели собирале информации за да утврдат како и најдобро и каква помош да донираат.
Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, пак, рекла дека респираторите се најнеопходни во моментов, но и дека сите „навалиле“ на произведувачот.
“Ги нема доволно. Цената им е од 10 до 50 илјади и прашање е дали тоа ќе им биде крајна цена“, рекла таа и додала дека се воделе по критериумите да биде квалитетна опрема и да може во кус рок да стаса во Србија
Ѓоковиќ пак најавил дека и понатаму ќе помага преку фондацијата.
“Ситуацијата е вонредна и секој од нас, во рамките на своите можности, се обидува да допринесе, рекол тој и додал:
“Откако станав татко не паметам толку многу време да сум поминувал со Јелена и со децата”, рекао тој и додал дека се заблагодарува на Кина што несебично и помогна на Србија.
Извор и фото: n1info.com