Во Полициската станица Гази Баба, вчера се јавил 18-годишниот Д.Г. и пријавил дека на 01 месецов во 20 часот на улицата „Палмиро Тољати“ управувал велосипед и паднал на коловоз кога бил нападнат од куче-скитник.
После тоа, со друго возило, тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.