Авионот од Малта се’ уште не полета за Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/20 1:35 PM

Авионот од Малта се’ уште не полета за Скопје

Иако беше најавено дека денеска во 11 часот од аеродромот во Малта, треба да полета авион на Визер со 148 македонски државјани, на летот се’ уште се чека, јавуваат нашинците кои чекаат да се вратат во Македонија. Чартер летор е организиран од Генералниот секретаријат на македонската Влада, кој целосно е на трошок на патниците, кои се вражаат од Малта.
Според информациите на патниците, аеродромот е морничаво празен поради суспендираните летови од и до Малта, а македонските државјани се единствените патници. Засега никој не кажува кога ќе полета авионот, кој уште пред повеќе од два часа е пристигнат на Меѓународниот аеродром Малта.