Самоизолација, корона, чувајте го имунитетот. Заштитете се.. ова се само дел од советите кои кои секојдневно ги слушаме. Најголема улога во заштитата на организмот има витаминот Ц, затоа и профитерите лимоните толку ги поскапеа.. А зошто внесувањето на витаминот Ц во организмот е многу важно?
Овој витамин ни овозможува зајакнување на имунитетот, подобрување на работата на виталните органи како и зголемување на концентрацијата.
Сепак, луѓето секогаш не се во можност во текот на едно деноноќие да изедат поголемо количество овошје какви што се лимони, портокали, мандарини и затоа, во обид да го зајакнат имунитетот, се одлучуваат да пијат таблети, во кои е концентриран овој исклучително важен витамин.
Сепак место да пиете таблети, во домашни услови можете да си направите витамин Ц во прав и тоа во неограничено големи количини. Сѐ што треба да направите е да си купите некое цитрусно овошје како што е лимон, лимета или, пак, портокал и мандарина. Потоа овошките убаво измијте ги и оставете ги да искиснат во сода-бикарбона и вода околу 5 часа. Пак измијте ги, излупете ги и оставете им ја кората убаво да се исуши. Кога кората ќе биде доволно сува, ставете ја во блендер и убаво измиксирајте ја. Вака добиениот витамин Ц, можете да го растворате во вода или пак да го додавате во омилените јадења. Рокот на вака подготвениот витамин Ц е три месеци.