Времето во самоизолација, ние сме несредени, лоша коса, сува, небојадисана. Што во ваква ситуација. Како да ја заштитите косата и дали треба сами да експериментирате со бојата, бидејки не може да отите на фризер. Побаравме совет од Ључо Петрушевски, попознат како Бубе Ин, кој вели:
-Доколку имаат добар шампон и маска за нивниот тип на коса е најсоодветно и најубаво. Но, ако немаат маска мој совет е во овој период да ги избегнуваат излегувањето дома и за која може да си најдат во нивната кујна и сами да си ја направат. Еве една стандардна маска за коса која се состои од две жолчки од јајца и две лажици маслиново или рицинусово масло. Овие два продукти се мешаат заедно, се нанесуваат на косата, на која, се остава да отстојат 20 минути. Потоа два пати измијте ја со шампон, вели Бубе Ин.
Според Бубе оваа домашна маска служи како храна за косата, помага во растењето, ја мазни, и дава сјај и ги пополнува испуканите врвови.
-Ако, пак, е наелектризирана ставете и чаша јогурт, држете го 15 минути на косата а потоа измијте ја. Со ова се намалува електрицитетот. За фарбање, пак, не би советувал тоа да го прават во домашни услови. Ова важи за оние кои пред самоизолацијата бојата на косата ја правеле само во салони, сепак доколку имаат израсток на коренот, им препорачувам спреј во боја, кој е идентичен на нијансата на косата, со кој мое да се камуфлира избвесен период. И да го почека фризерот, додава тој