Многумина од вас додека седат дома не се препуштаат на омилените рецепти и внимаваат во исхраната. Но, за оние што имаат деца, верувам дека седењето дома го искорситле и да им направат палачинки. Палачинките во многу домови се еден од омилените десерти на децата и иако тестото е едноставно за приготвување, понекогаш правиме грешки што може да влијаат врз вкусот и квалитетот. Има многу грешки а некои од нив се:
Премногу мешате
Многу домаќинки сакаат да ја разбијат секоја грутка брашно и премногу го мешаат тестото. Тоа е погрешно. Не смеете да претерате со мешање или матење, бидејќи глутенот ќе почне да се развива и тестото ќе стане еластично, што значи дека палачинките ќе ви бидат гумени.
Немате трпение
За да ви излезе смесата совршена, треба да ја покриете и да ја оставите да отстои половина час.
Не го загревате тавчето доволно
Доколку тавчето не е загреано, тестото безживотно ќе се разлее и ќе ги впие сите маснотии со кои сте го премачкале тавчето. Ви предлагаме да ја проверите температурата така што ќе ставите мала палачинка како пробна.
Пречесто ги превртувате палачинките
Воздржете се од превртување се’ додека не добијат златна боја на долната страна. Ако правите американски палачинки, треба да бидете особено внимателни, бидејќи во спротивно би можеле да ја изгубат воздушестата текстура.
Еве еден трик за приготвување на смесата. Пригответе смеса за палачинки на вообичаениот начин, со мала измена, така што белките ќе ги одвоите од жолчките. Изматете ги жолчките во смесата, а белките оставете ги на страна.
Кога во смесата ќе ги ставите состојки (освен белките), добро промешајте.
Од белките направете изматен снег, кој не треба да биде ниту мек, ниту цврст.
Полека додајте ги изматените белки во смесата.
Токму овој изматен снег ќе им даде пенеста структура, мекост и фантазија од вкусови. Толку се совршени, што дури и кога ќе се оладат и отстојат, нема да станат жилави!
Фото: anarieldesign.com