Верувале или не, на подрачјето на Сплит постои лице кое е позитивно и на грип, иако е вакцинирано, а позитивно е и на коронавирус. Тоа лице, ни помалку ни повеќе, е д-р Јасна Нинчевиќ, епидемиолог, поранешна долгогодишна директорка на Хигиенскиот завод на Сплитско-далматинската жупанија, пишува „Слободна Далмација“.
„Да, вистина е дека сум позитивна на коронавирус. Сметам оти граѓаните мора да да ја знаат вистината. За жал, позитивна сум и на грип и на коронавирус. Воопшто не знам како сум можела да се заразам со тој коронавирус. Не излегувам воопшто надвор, освен кога сум на работа, не сум имала никакви „сомнителни“ контакти и мислам дека не сум била во допир со ниту еден пациент кој можел да ми го „пренесе“ вирусот“, раскажува лекарката.
Во неделата таа најредовно отишла на работа во Хигиенскиот завод. Не чувствувала никакви проблеми. Но, набрзо потоа почнале силно да ја болат грлото, вратот. Се јавила кај шефицата и заминала дома. Во вторникот била тестирана, а потоа нејзиниот сопруг, двете ќерки и зетот заминале во излолација, исто како и нејзините колеги од работа, па сега значително ќе се намали медицинскиот персонал во установата во време на епидемијата.
Нинчевиќ вели дека и нејзиниот случај потврдува оти мора да се почитуваат упатствата и да се избегнуваат социјални контакти.


