Осудениците, околу 3.400, во четирите најголеми затвори во Србија – Сремска Митровица, Ниш, Пожаревац (Забела) и Нови Сад, одлучија да се откажат од еден оброк во корист на најсиромашните пензионери и други најзагрозени категории граѓани за да дадат поддршка на општеството во вонредните околности поради коронавирусот, соопштија од Министерството за правда на Србија, а пренесуваат српските медиуми.
Идејата да се откажат и да го донираат таканаречениот сув оброк што како вечера го добиваат во неделите, потекнала од самите осуденици.


