Kовид-19 – состојба во светот и на Балканот: САД први по заразени, Италија по починати, ја следи Шпанија – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/20 7:00 AM

Kовид-19 – состојба во светот и на Балканот: САД први по заразени, Италија по починати, ја следи Шпанија

Со вчерашните нови 15.000 случаи, САД со вкупно околу 83.000 заразени за околу 1.000 ја претекнаа Кина во вкупниот број заболени од коронавирус. Во Италија бројот на заразените според последните синоќешни податоци е 80.589, во Шпанија – 57.786, Германија – околу 44.000, Франција и Иран по околу 30.000, Швајцарија и Велика Британија по околу 12.000…

На претходната бројка од околу 20.000 вкупно починати во светот, вчера се придодадоа нови 712 во Италија, со што вкупниот број починати во таа земја се зголеми на 8.215), во Шпанија – 718 (вкупно 4.365), во Франција – 365 (вкупно 1.696), во САД – 174 (вкупно 1.200), во Иран – 157 (вкупно 2.234), во Велика Британија – 115 (вкупно 578), во Германија – 61 (вкупно 267), во Швајцарија – 38 ( вкупно 191)…

Бројките се зголемуваат и на Балканот. Бројот на заразени во Македонија се зголеми на 201, во Црна Гора на 69, во Косово на 86. Во Србија бројот на починати се зголеми на седум од нешто повеќе од 400 заразени, Хрватска вчера ја регистрираше третата жртва од 495 заразени, а Словенија шестиот починат од 562 заразени. Во БиХ има 191 заразен и тројца починати…