Во листата на желби на ракодовството на Манчестер стои играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Според „Мирор“, англискиот клуб ќе плати 130 милиони евра за во своите редови да го донесе 20-годишниот Англичанец.
Оваа сезона, Санчо настапи на 35 натпревари на сите турнири, постигна 17 голови и забележа 19 асистенции.
За потсетување, пред три години, Борусија го купи Санчо за осум милиони евра.