Лижи прсти со палачинки од компир – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 6:30 PM

Лижи прсти со палачинки од компир

Можеме ли да направиме нешто од залихитие, да не одиме без потрба во маркет. Еве ви еден предлог за палачинки од компир. Знам дека имате дома се што е потребно, а тоа е  4 шоњи рендан компир, 1 јајце, 3 лажици брашно, 1 лажица рендан кромид, сол, бибер, масло за пржење и магденос и павлака по желба.

Измијте го ренданиот компир во ладна вода, добро исцедете го и исушете го за да излезе од него вишокот вода. Ставете го во поголем сад.  Додадете едно јајце, брашно, сол и црн пипер, па убаво промешајте и соединете. Во поголема нелеплива тава на умерен оган загрејте масло.

Третина шолја наполнете со смесата и спуштајте во маслото, па со лопатка внимателно притиснете за да се израмни и да добие облик на американска палачинка. Пржете од двете страни додека да добијат златнокафеава боја, па вадете ги на хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија.

По желба наросете со малку магдонос и веднаш послужете со кисела павлака.

Пријатно јадење, вкусно е нели. Јадете ама не ги лижете прстите, без оглед што рацете ви се измиени..

Извор: nmd.mk