Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски се сели во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Тој е назначен на висока државна функција односно национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вели дека се работи за функција предвидена со закон и кусо одговори дека за секој национален координатор потребно е именување од Влада.