Добар пример: Тајван итро го дочека вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/20 8:32 AM

Добар пример: Тајван итро го дочека вирусот

Во време на пандемијата на коронавирусот, еден од добрите примери на кој начин да се ограничи ширењето на заразата доаѓа од Тајван.

Се предвидуваше дека островот на кој живеат 23 милиони луѓе, а е во непосредна близина на Кина, ќе има огромен ризик од „увоз на болеста“ особено за време на Кинеската нова година.

Меѓутоа, со само 235 заболени и два смртни случаја, Тајван со вирусот се справува одлично. Успехот, пишува Еј-Би-Си, главно се должи на раната мобилизација и на специфичните стратегии, но и благодарение на искуството со САРС од 2003 година.