Променливо облачно време се прогнозира за денеска со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура треба да достигне до 11 степени.
Од УХМР за утре прогнозираат дека ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи, кои поради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. Преодно стабилизирање на времето се очекува за време на викендот. В понеделник се очекува максимална температура од 20 степени.



