Од Скопје и Атина се уште нема потврда кога би се одржал најавениот телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“ не сакаше да предвиди кога тоа би се слуѕчило и уште еднаш рече дека „ништо не е договорено, ако не се договори сѐ“.
Во меѓувреме македонскиот премиер Заев уште еднаш изрази оптимизам дека Македонија ќе добие покана за полмоправно членство во НАТО на самитот во Јули.