Секое суво кашлање не е Корона, направете природен сируп за спречување на сувата кашлица и бронхитис – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/20 3:32 PM

Секое суво кашлање не е Корона, направете природен сируп за спречување на сувата кашлица и бронхитис

Коронавирусот. За сувото и хронично кашлање и бронхитисот најдобро и докажано средство за лечење кај деца и возрасни е – црната ротква и медот во комбинација.  Тоа е рецепт кои го правеле нашите баби. Благодарејки на природните состојки, не само дека е едноставен и вкусен, туку и многу корисен. Овој природен лек е одлично средство за искашлуавање кај болест на  горниот респираторен тракт.

Потребно е поголема црна ротква и мед. Сирупот се подготвува навечер а се користи следниот ден.

Ротквата добро измијте ја и исушете. Ако не е рамна, исечете малку од долниот дел, за да може да стои. Направете вдлабнатина во ротквата, оставете  ги ѕидовите дебели околу 2 сантиметри.  Во вдлабнатината додајте 2  лажици мед, да се наполни пола од половина на  ротквата или 4  лажици шеќер, додколку сте алергични на мед. Поклопете ја со капак а како капак нека ви послужи горниот дел од одсечениот врв. Оставете да преноќи.

За тоа време во ротквата ќе се појави лековит сируп, незаменлив во лечење на кашлицата. Наутро може да почнете да го користите. Сирупот треба да го земате 4-5 пати дневно, неколку минути пред јадење.  Возрасните по една лажица за супа, а децата по една кафена лажичка.  Во текот на денот целиот сируп ќе го испиете и вечерта во истата ритква повторно додадете мед, а утре дента повторно земете од сирупот.  Дури по неколку дена може да ја смените ротквата. Треба да бидат внимателни само дијабетичарите и децата помали од една година, бидејки поголемото количество мед може да предизвика алергија.

И покрај лековитоста постојат контраиндикации за користење на акутни болести, јетра жолчно ќесе и бубрези.

Извор: stil.kurir.rs