Според конкурсот, во новата академска година, на прв циклус студии ќе може да се запишат 3.635 бруцоши, од нив 2.005 редовни студенти во т.н. државна квота, 1.015 студенти со партиципација во студирањето и 615 вонредни студенти.
Најмногу слободни места за упис годинава нуди Економскиот факултет во Прилеп, вкупно 504, а потоа следуваат Технички факултет-Битола со објавени 490 слободни места, Факултетот за безбедност-Скопје може да запише 450 студенти, ФТУ-Охрид со 405, ФИКТ-Битола со 400 слободни места збирно во трите категории за студирање, Технолошко-технички факултет-Велес има 210 слободни места, Правен факултет-Кичево има 315, Педагошкиот факултет објави 225 слободни места, а Биотехничкиот факултет обезбеди можност за упис на 230 студенти.
На прв циклус студии Високата медицинска школа ќе запише 325, а Ветеринарниот факултет годинава може да запише максимум 45 студенти.
Првиот уписен рок во сите високообразовни единции на УКЛО-Битола ќе се реализира на 30 и 31 август.