Без исклучоци во самоизолацијата: Санкциониран и командантот на воената морнарица на Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/20 9:38 AM

Без исклучоци во самоизолацијата: Санкциониран и командантот на воената морнарица на Црна Гора

Полицијата во Бар поднесе кривична пријава против командантот на Морнарицата на Војската на Црна Гора, В.Т. (46), поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело непостапување според здравствените прописи за сузбивање опасни заразни болести. Тој ја прекршил мерката на самоизолација што му била утврдена, па со санитарен инспектор е спроведен во карантин, јавува РТЦГ.

Други медиуми јавуваат дека на социјалните мрежи се појавила фотографија како Веско Томановиќ додека требало да биде во самоизолација пазарел во маркет во Бар, па сега дури имало најави и за негова смена од команданстското место на црногорската воема морнарица.