Соопштение за исплата на мартовските пензии – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 5:52 PM

Соопштение за исплата на мартовските пензии

Почитувани, имајќи ги во превид засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19 Стопанска банка информира дека мартовските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвремено процесирани со цел да се намали присуството на пензионери во филијалите на 1виот календарски ден во месецот и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти најосетлива на пандемијата.

Бидејќи најголем дел од пензионерите во Банката поседуваат дебитна картичка поврзана со сметката на која се процесира пензијата, Ве известуваме за следното:

  • Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка со мартовските пензии ќе можат да располагаат од среда, 03.2020 исклучиво на мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
  • Пензионерите кои не се корисници на дебитна картичка пензијата ќе може да ја подигнат почнувајќи од 03.2020 (сабота) во сите отворени филијали на СБ при што филијалите кои вообичаено не работат во сабота ќе бидат отворени на тој ден исклучиво за оваа цел. Листата на филијали кои ќе бидат на располагање е истакната на линкот во продолжение: https://www.stb.com.mk/novosti/izvestuvanja-povrzani-so-covid-19-i-rabotnoto-vreme/. Апелираме овие клиенти при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија со цел максимално да се намали нивното присуство во филијалите заради лична и колективна заштита.

Банката во среда, 25.03 ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички и притоа клиентите ќе може веднаш да ги користат средствата во трговија или на банкомати додека исплата на шалтер ќе биде возможна од сабота, 28.03. Притоа во сабота за разлика од другите банки, Стопанска банка АД – Скопје ќе ги отвори СИТЕ свои 55 филијали со работно време од 9 до 13:30ч за да се овозможи клиентите да располагаат со средствата а притоа да бидат заштитени од непотребни гужви кои се опасни за колективното здравје.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита. Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти во исто време додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

Банката согласно воспоставените стандарди за работа, за новиот начин на процесирање на мартовските пензиите до клиентите ќе информира преку сите достапни канали за комуникација:

  • Јавна објава на веб страницата, социјалните мрежи и медиумите
  • Истакнување на известување во Филијалите и
  • СМС известување за клиентите кои оставиле контакт телефон

Стопанска банка АД – Скопје, На ваша страна