Барселона планира да се врати на тренинзите на 27 април – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 4:20 PM

Барселона планира да се врати на тренинзите на 27 април

Раководството на Барселона одлучи да се врати на тренинзите не порано од 27 април, пренесува шпански „АС“.

Во моментот во Шпанија е прогласена вонредна состојба до 13 април. Шампионатот во Ла Лига е запрен на неодредено време.

Претходно, тамошните медиуми објавија дека во каталонскиот клуб е откриен првиот случај на коронавирус. Главниот скаут на Барселона, Андре Кири и неговата сопруга се разболеа во Јужна Америка.

Извор: denar.mk