Земени шест брисеви за тестирање за коронавирус на отворениот пункт на ЦЈЗ во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 4:01 PM

Земени шест брисеви за тестирање за коронавирус на отворениот пункт на ЦЈЗ во Штип

Во пунктот на Центарот за јавно здравје-Штип досега на шест граѓани им се земени брисеви за тестирање за коронавирус.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова истакна дека во овој пункт се земаат брисеви со упат од матичен лекар од граѓаните од општините, Штип, Карбинци, Радовиш и Пробиштип.

Таа посочи дека пунктот за земање на брисеви за коронавирус се наоѓа на паркинг просторот на задната страна на зградата на Здравствениот дом „Панче Караѓозов”-Штип. Граѓаните треба да ги следат само насоките и многу лесно можат да пристигнат до пунктот.

Паркингот на задниот влез на Здравствениот дом во Штип е затворен во период од 8 до 14 часот поради функционирање на пунктот.

-Уште еднаш информираме дека тестирањето се врши исклучиво со упат на матичен лекар, вели Димитрова.

МИА