Штип со пункт за земање брисеви позади ЈЗУ „Панче Караѓозов“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 2:57 PM

Штип со пункт за земање брисеви позади ЈЗУ „Панче Караѓозов“

Пунктот за земање на брисеви за COVID-19 се наоѓа на паркинг просторот позади ЈЗУ „Панче Караѓозов“ – Штип. Истиот, почна со функција на 23.03.2020 година (понеделник).

Паркингот на задниот влез во ЈЗУ „Панче Караѓозов“ Штип ќе биде затворен за движење на неслужбени возила од 08.00h до 14.00h поради фунционирање на овој пункт.
Тестирањето се врши исклучиво со упат од матичен лекар!

ЦЈЗ Штип