Ристески:Јавно ќе ги жигосаме газдите за нехуман однос кон вработените – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 12:56 PM

Ристески:Јавно ќе ги жигосаме газдите за нехуман однос кон вработените

Правиме список на газди и фирми, кои во ситуација на здравствена криза и епидемија на корона вирус се однесуваат нехумано и неетички кон своите вработени. Ова на прес конференцијаѕа пред малку, го изјави Марјан Ристески од КСОМ -Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.
-Вака не може да функионираме, ние работниците сме се докажале, но газдитите не се фер.Веднаш се пожалија со прогресивниот данок.Оваа состојба треба да помине рамномерно. Но, кризата да помине и во мирни услови да погледнеме до каде државата. Додека државата ги помага, 250 директори земаат по 10.000 евра плата месечно. 200 милиони евра профит имаат фирмите, рече Ристески.
Конфедерацијата за петок најавува протест, како револт од најавата за намалување на платите во јавниот сектор. За синдикатите што се обединети во КСОМ, контрапродуктивно е да се намалуваат платите во јавниот сектор.Сметаат дека вработените треба да се плаќаат кирии, кредити, рати. Повикаа да се преиспита добро овој предлог пред донесување на каква било мерка.