Во САД има рапиден пораст на бројот на заразени со коронавирусот, па веќе ја надминаа Шпанија и се трети во светот според бројот на инфицирани. Вчера во САД биле регистрирани 2.411 нови случаи, со што вкупниот број достигна до 46.154. Шпанија со 2.311 починати и понатаму е пред САД, каде што се евидентирани 582 починати.
Според последните денешни податоци, во светот има околу 390.000 заразени, 103.000 излекувани и 17.000 починати луѓе.


