Звучи чудно, но пропаднатиот гигант „Навип“, познат и во СФРЈ по производството на квалитетно шампањско, кој со години е во стечај, ќе и’ помогне на својата земја во справувањето со коронавирусот.
Како што дознава „Новости“, пронајдена е залиха од околу 350.000 литри вино во погонот на „Навип“ во Петроварадин, кои ги презема Дирекцијата за имот на Србија, а виното потребно за медицински алкохол ќе се преработува во „Вино жупа“ од Александровац.


