Битката против коронавирусот во Европа може да потрае и до две години, рекол шефот на екипата медицински стручњаци за Ковид-19 од Шангај, Кина, Чанг Венхоаг во текот на видео-конференцијата за кинеската заедница и кинеските студенти во Диселдорф, Германија.
„За да најдеме решение за стопирање на ширењето на заразата во краток временски период, мерките мора да бидат екстремно радикални. Пандемијата, на пример, би можела да биде сопрена доколку целиот свет прекине со движење. Меѓутоа, не можам да замислам дека е можна таква глобална суспензија. Дури ни во Германија или во Европа, рекол Чанг, а пренесуваат повеќе медиуми од светот и од регионот.


