Дарио: Ставете прст на глава и подзамислете се зошто немаме среќа, љубов и мир – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 8:37 AM

Дарио: Ставете прст на глава и подзамислете се зошто немаме среќа, љубов и мир

Остани дома. Не се ракувај. Не се гушкај. Не се бакнувај. Држи растојание..  Сето ова, од една страна, е многу стресно за нас, но од друга, пак, е добар момент кога секој од нас треба да се сети кога последен пат размислувал за ситни мали нешта, за позитива и се она што треба да биде баланс на трката по пари, на отуѓувањето или немањето време ниту за себе ниту за блиските. Оваа порака на сите преку песна пред три години се обиде да ја пренесе поп пејачот Дарио, но кој ги слушна, или како што вели тој, кој ги разбра. Во ова време- невреме тој уште еднаш ги потсети луѓето дека треба да стават прст на глава.

 

-Овие стихови ги пеам од мај 2016 година, ама нема кој да ги слушне, а уште помалку да стави прст на глава и да се подзамисли. А сега ви се мислена именка сите оние “глупи мали ситници” како обично ракување, срдечно гушкање, бакнеж во образ или најобична прошетка во парк. Е па затоа- #седисидома. А убаво вели песната дека : „Живееме во време – невреме, во луда трка по пари, во виртуелен свет без идеали. И секој нареден ден е уште постресен,  а  животот е убав, еден и единствен. Ни фали време за се’, немаме време ни за смеење, време за сакање и читање приказни пред спиење.  Малите работи се тие што радуваат, а среќа, љубов и мир со мали букви се пишуваат…“, вели пејачот на својата страна на Фејсбук.

Еве ја пораката што преку песната „Што е мое ќе си дојде“ тој ја испрати пред три години: