Облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а вдолж pовардарието засилен северен ветер. Максималната температура треба да достигне до 6 степени.
Таква е прогнозата на УХМР за денеска. Утре снегот ќе престане, а до сабота се очекуваат повремени врнежи од дожд. Температурите во следните денови ќе бидат во благ пораст.



