Глад не се трпи- Имате брашно, немате квасец, еве ви идеја за леб – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 12:04 AM

Глад не се трпи- Имате брашно, немате квасец, еве ви идеја за леб

Самоизолација или полициски час. А гладни сте и имате брашно а немате квасец. Смирено нема простор за паника. Искусните домаќинки не може да ги исплаши ваквата состојба, бидејки знаат да направат леб без квасец. Но, за оние, неискусните, кои поради коронавирусот се принудени да готват еве решение:

За да ви нарасне тестото и да биде вкусно  место квасец ќе користите сода бикарбона. Сешто треба да направите е во смесата да ставите една до две лажички сода бикарбона. Секако тоа ќе зависи од големината на тестото.

За брза погача со сода бикарбона ви е потребно:

500 г меко брашно

250 мл млак вода

1 лажичка сол

1/2  лажичка сода бикарбона

Припрема: Содата растворете ја во малку ладна вода и додадете брашно кое сте го посолиле. Со постепено додавање млака вода замесете тесто кое е мазно и малку цврсто. Тестото месете го околу  5 минути, а по потреба додавајте брашно. Покријте го и оставете го 15тина минути да постои. За тоа време загрејте ја  рерната на 250 степени. Печете додека  погачата не поцрвени.

Извор: kurir.rs