Корејскиот премиер денес нареди подготовка на тужби против мноштво католички и протестантски цркви низ корејските градови поради општата закана за јавното здравство и игнорирање на државните мерки за превенција од ширење на пандемијата COVID-19.
Социјалното дистанцирање во јавноста и придржувањето на мерката карантин и самоизолација беа основа на превентивните мерки за спречување на ширењето на вирусот во Кореја. Проценките на корејските власти е дека многу католички и протестантски цркви, како и одредени секти целосно ги игнорирале овие упатства и за време на викендот организирале верски обреди кои се одржувале во целосна спротивност од превентивните мерки.
„Црквите сериозно ја нарушија безбедноста на општеството, како индивидуи така и локални заедници”, изјави корејскиот премиер.
„Моменталното време е такво што ние сме во полувоена ситуација и ниту една организација не треба да ги поттикнува граѓаните да ги третираат државните одредби како политички блеф“.
Кореја во исто време ја продолжи забраната за сите видови верски, спортски и забавни собири во јавни затворени простории и за наредните 14 дена, а поради претходното кршење веќе е уапсен пасторот на црквата Саранг Јеил од Сеул.
Извор: denar.mk