Најголем месечен пад на цените на нафтата во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 3:27 PM

Најголем месечен пад на цените на нафтата во историјата

Цените на нафтата на светските пазари скоро се преполовија во март, што укажува на рекорден месечен пад на нивните цени во историјата.

Брент нафтата започна во март со цена поголема од 50 долари, а сега 159-литарски барел нафта од Северно Море вреди само 27 долари.

Се појавува се поголем вишок на резерви на нафта.

По спорот помеѓу Саудиска Арабија и Русија, картелот ОПЕК плус од април повеќе нема да се обврзува за намалување на квотите за црпење, а Саудиска Арабија и Русија се подготвуваат за искористување на сите расположливи капацитети.

Извор: denar.mk