Весна Бејби: Политички елити, сега е моментот да го покажете образот а нам нека ни е час по освестување – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 2:31 PM

Весна Бејби: Политички елити, сега е моментот да го покажете образот а нам нека ни е час по освестување

Актерката Весна Бејби Петрушевска изнервирана од целата состојба во која живееме ги напрадна политичките елити во корист на сите кои живеат во услови на пост хемотерапија, на оние кои се со болни деца..
-Читам многу страв од целава оваа ситуација. Природно, нормално. Има предлог да се намалеле платите. Одамна овде преживуваме,не живееме,освен оние кои направија пари со криминал.Ним ќе им е арно. Но,сакам да ве прашам дали знаете како е да се живее во овие услови пост хемотерапија? Имам другарка па знам. Знаете како е да имате болно дете по дома со лекови кои чинат половина административна плата? Сте помислиле на моментот кога нема кој да оди во продавница за вас? И не ги оставам децата од актерската школа, работам со нив онлајн по неколку часа дневно…Не се плашам искрено иако можеби би требало. Не верувам одамна на политичари кои немаат однос кон менталното здравје, не верувам одамна на политичари кои гледаат само за својот задник и на пратеници кои мандати преспаа и збор не изустија. Јас сум вреден човек и работам не ми е страв. Политички елити сега е моментот да си го покажете лицето и образот.На сите нас ова ни е час по освестување, напиша таа на својот Фејсбук профил.