Влатко Лозаноски во живо на Инстаграм, седете дома и гледајте го Лозано на профилот на „Бекстејџ“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 2:15 PM

Влатко Лозаноски во живо на Инстаграм, седете дома и гледајте го Лозано на профилот на „Бекстејџ“

Вечерва со почеток од 20 часот на „Инстаграм“ профилот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ – backstage_macedonia ќе имате можност да го гледате лајв вклучувањето на Влатко Лозаноски – Лозано.


Домаќин ќе биде Јасмина Филиповска, а вие ќе имате можност да го прашате Лозано се што сакате да знаете за него. Освен разговор, ќе има и многу изненадувања кои тимот на Бекстејџ ги подготви специјално за своите фанови.
Кампањата #Бекстејџседидома стратуваше минатата недела, а досега гостуваа Жаре Бербер, Антониа Гиговска и Иван Јованов, Таско, Роберт Билбилов…