Филипче со прес во 15 часот, Владата со поостри мерки по седницата со 17 часот – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 1:29 PM

Филипче со прес во 15 часот, Владата со поостри мерки по седницата со 17 часот

Нови, поостри мерки предложени од Министерството за внатрешни работи се на дневен ред на седницата на Владата во 17 часот. За заклучоците од седницата на Владата која заседава за одлуки и мерки поврзани со состојбата со коронавирусот ќе биде објавено соопштение.
Директорот на Царината Ѓоко Танасоски денеска најави дека на предлог на Царината и Министерството за економија Владата ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина треба да бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема.
За новите информации околу Ковид – 19, прес конференција во 15 часот закажа министерот за здравство, Венко Филипче. Министерството за здравство веќе информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денеска до 12 часот, изнесува 136, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти