Втор повик за млади уметници на програмата „Инкубатор“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 9:14 AM

Втор повик за млади уметници на програмата „Инкубатор“

Млади уметници на возраст од 16 до 30 години можат да аплицираат на вториот јавен повик на програмата „Инкубатор“ на културниот центар „Интерарт“. На отворениот повик уметниците можат да аплицираат во три невербални категории – музика, танц и визуелни уметности. Сите пријавени кандидати треба да приложат кратка биографија, а соодветно на посебните категории треба да исполнат технички критериуми достапни на интернет-страницата www.inkubator.com.mk/apliciraj/.

Уметничката директорка и менторка на проектот, Рисима Рисимкин, изјави дека е многу задоволна од досегашниот развој на проектот „Инкубатор“ и оти ги очекува продукциите да бидат презентирани на крајот на јуни во повеќе градови низ Македонија.

Културната програма „Инкубатор“, поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Македонија, претставува нова платформа за интегрирање млади креативни поединци во современиот уметнички контекст, овозможувајќи им професионална поддршка, менторство и простор за креативна експресија и реализација на нивните идеи.