Црна Гора објавува список на сите што се во самоизолација, јавноста поделена – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 10:54 AM

Црна Гора објавува список на сите што се во самоизолација, јавноста поделена

Со дозвола на Агенцијата за заштита на лични податоци, Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора почнало да ги објавува имињата на сите што се во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус или што биле во ризични земји, како дел од заострените мерки и санкции на црногорската Влада кон сите што не ги почитуваат решенијата за задолжителна двонеделна изолација.

Тоа ја подели црногорската јавност. Невладината организација Акција за човекови права владината објава на Твитер ја оценува како повик на линч и, како што соопштуваат, очекуваат да видат законска осова за такво нешто. Граѓанската алијанса, пак, ја поддржува владината одлука, но само ако се објавуваат имињата само на тие што не ја почитуваат самоизолацијата.