Кинеските експерти во Србија проценуваат дека состојбата со Ковид-19 ќе се стабилизира за 29 дена – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 9:25 AM

Кинеските експерти во Србија проценуваат дека состојбата со Ковид-19 ќе се стабилизира за 29 дена

Кинеските стручњаци што деновиве допатуваа на помош во Србија предидуваат дека состојбата со коронавирусот кај нашиот северен сосед може да се стабилизира за 29 дена.

„Доколку сите почнат да се придржуваат кон мерките, стручњаците од Кина проценуваат дека во Србија за да се стаблизира состојбата со коронавирусот ќе и’ требаат 29 дена“, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

Заклучно со вчера, Србија имаше 222 заразени и двајца починати од коронавирусот.