Битолскиот театар на фестивал во Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 9:13 AM

Битолскиот театар на фестивал во Црна Гора

Народниот театар од Битола учествува на Фестивал на националните театри од регионот во Подгорица со претставата „Коцкар“ од Ф.М. Достоевски, во режија на Дејан Пројковски. До 8 јуни на ова прво фестивалско издание, кое има ревијален карактер, ќе бидат одиграни актуелни и најзначајни продукции и од театрите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и од Црна Гора.

Во „Коцкар“ улогите ги толкуваат актерите: Огнен Дранговски, Илина Чоревска, Јоана Поповска и др. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, Олга Панго ги подготви сценските движења, а автор на музиката е Горан Трајковски.