Хрватскиот актер Рене Биторајац коментирал за земјотресот во Загреб, па на својот Инстаграм профил напишал дека вакво сценарио би било премногу и во американските филмови, а потоа им се обратил и на политичарите.
“Ова би било премногу и во американски филм. Прво останете дома, а сега останете надвор. Се надевам по овие глупости низ кои минуваме нема веќе да ги трпиме корумпираните политичари, нема веќе да слушаме глупости на вестите, да сфатиме дека приватниците нема веќе да ги дереме со даноци и дека всушност ние спрема природата сме само мравки. Сега да се извлечеме живи и здрави а потоа да ги извлечеме и поуките”, напишал Рене по силниот земјотрес кој вчера го погоди Загреб.
Фото: theapricity.com


