Сплитски ресторан со бесплатни оброци: „Не можам да поднесам некој да е гладен, а моите фрижидери полни“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 8:26 AM

Сплитски ресторан со бесплатни оброци: „Не можам да поднесам некој да е гладен, а моите фрижидери полни“

Сплитскиот ресторан „Макарун“ од денеска почнува со делење бесплатна храна – достава на бесплатни готвени оброци на граѓаните кои во ова тешко време имаат потреба од храна.

Веста е неверојатна, но вистинита. Додека многумина негови колеги најавуваат откази за своите вработени, Јурица Фарац, сопственикот на „Макарун“, се одлучи на ваков хуман потег, пишува „Слободна Далмација“.

„Сите нас оваа состојба некако не’ затекна. Мислев што да направам, како може да помогнам. Не можам да поднесам некој да е гладен, а моите фрижидери полни. Немојте, ве молам, ова да испадне некакво саморекламерство. Мене такво нешто не ми треба“, вели скромно Фарац за сплитскиот весник, одбивајќи да се фотографира.