Балканот се обединува кога е најтешко: Вучко и Заги прегрнати врз урнатини – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 6:33 AM

Балканот се обединува кога е најтешко: Вучко и Заги прегрнати врз урнатини

Малку беше коронавирусот, а вчера жителите на хрватскиот главен град Загреб се соочија и со силен земјотрес, кој предизвика сериозна материјална штета, а имаше и повредени и досега еден смртен случај. Балканот во така сериозни сируации знае да се обедини и да биде солидарен. Словенија веднаш најави помош, белграѓани синоќа од карантин од терасите на становите со аплауз ја поздравија борбата на загрепчани со последиците од непогодата, многу пораки беа испратени и од Македонија…

Собранието во Сараево светлосно беше обоено во боите на Загреб, а најоригиналната поддршка од БиХ до Загреб масовно се прошири на социјалните мрежи – Вучко и Заги прегрнати, Вучко го држи Заги и заминуваат од урнатините. Вучко беше маскота на Зимската олимпијада во Сараево во 1984 година, а Заги маскота на Универзијадата во Загреб во 1987 година.