Короната во светот одезеде 14.500 животи, Италија се надева дека најцрното поминало – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 6:29 AM

Короната во светот одезеде 14.500 животи, Италија се надева дека најцрното поминало

Речиси 14.500 луѓе во светот починаа, од кои повеќе од половината во Европа. Италија е најпогодената земја. Во последните 24 часа од коронавирусот умреле нови 651 лице, со што бројот на жртвите се зголеми на 5.476, беше соопштено синоќа. Заболени се 59.138 лица, односно бројот на новозаболени нарасна за 10,4 отсто, што е најмал раст откако болеста експлодираше на 21 февруари. Во саботата во Италија починаа 793 луѓе, речиси 150 повеќе отколку вчера, па здравствените власти се надеваат дека најцрното поминало и оти бројките ќе почнат да опаѓаат, а за клучна ја сметаат неделава што почнува.

Шпанија, втората најтешко погодената земја во Европа, во последните 24 часа забележа речиси 400 нови починати, односно плус 30 отсто, па вкупниот број се искачи на 1.720 жртви. Во Франција починаа 562 луѓе.

Растат бројките и во балканските земји. Македонија вчера ја имаше првата жртва, а бројот на заразени се зголеми на 114. Грција има 15 починати и 624 заразени, Црна Гора – 22 заразени е веќе еден починат, Србија има 222 заразени и двајца починати, во Словенија бројот на заразени е речиси 500…