На почетокот на втората прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче ги дообјасни недоразбирањата околу смртта на жената од Куманово, која се смета за прва жртва на Коронавирусот кај нас.
-Ова се деталите за лекување на пациентката од Куманово, добиени од болницата и од службата за епидемиологија од Центарот за јавно здравје. Првиот преглед на пациентката е направен на 16 март. Жената дошла со температура и без кашлица. Веднаш и биле поставени прашања и таа кажала дека не патувала во странство, немала контакт со лица од ризичните земји и пушена е дома. На 17 март со синот дошла со исти симптоми и без кашлица и повторно негирале дека не била во странство и немале контакт со никој што е заразен. На 17 и 18 повторно примаат терапија и немаат кашлица. На 19 март со потежок наод на белите дробови,со индикација на ренген снимка констатирана е пневмонија и се хоспитализирани. Тогаш им се направени тестови и на двајцата. На 20 пак е направен тест на мајката и тој е негативен. На 21 состојбата и се влошила, направени се обиди за реанимација, по што пациентката починала. Посмртно е земен уште еден материјал, испитан е и излезе дека е позитивен на Коронвирусот. Преиспитани се материјалите претходно и повторно е потврдено дека се негативни. Разговаравме со експерти, консултиравме литература и докажано е дека тестот никогаш не е 100 сензитивен. За здравствените работници се прави епидемиолошка анкета и според кажувањата ќе се постапи согласно прпораките, дали ке одат во изолација или на тестирања, рече Филипче.