Пласидо Доминго позитивен на Коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/20 8:02 PM

Пласидо Доминго позитивен на Коронавирусот

Познатиот шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго е заболен од коронавирусот. Ова го соопшти самиот пејач на неговиот Фејсбук профил, каде и упати апел да се остане дома и да се почитуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО).
„Чувствувам морална обврска да кажам дека сум позитивен на коронавирусот. Во самоизолација сум со семејството и ќе останеме дома се додека лекарите не кажат поинаку. Моментно сум добар, меѓутоа има симптоми на кашлица и треска. Бидете внимателни, следете ги основните упатства, често мијте раце, бидете барем шест стапки зад другите и ако можете останете дома. Само со заеднички сили можеме да се избориме со оваа светска криза и да се вратиме на нормалниот живот“, напиша Доминго.

Фото:billboard.com