Провокативните илустрации на Давид Бонаци – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 9:10 AM

Провокативните илустрации на Давид Бонаци

Илустрациите на Давид Бонаци понекогаш мора да се погледнат двапати за да се сфатат, но потоа нема да можете да ги исфрлите од глава. Истовремено се духовити и тешки, интригантни и застрашувачки, објективни и многу лични и едноставни во пристапот кон проблемите од современото општество.

Бонаци е уметник од Болоња кој во морето инстаграм-уметници се издвојува со својот специфичен стил, став, но и со фактот дека инспирацијата ја добива од реалноста.