Илустрациите на Давид Бонаци понекогаш мора да се погледнат двапати за да се сфатат, но потоа нема да можете да ги исфрлите од глава. Истовремено се духовити и тешки, интригантни и застрашувачки, објективни и многу лични и едноставни во пристапот кон проблемите од современото општество.
Бонаци е уметник од Болоња кој во морето инстаграм-уметници се издвојува со својот специфичен стил, став, но и со фактот дека инспирацијата ја добива од реалноста.