Македонскиот народен театар (МНТ) продолжува со прикажувањето онлајн претстави.
Според репертоарот објавен на фејсбук страницата, граѓаните на 26 март ќе може да ја полгеднат претставата „Мој термин“, на 27-ми и 28 март е „Бесачи“, а за 29-ми е закажана „Животот на Молиер“.
На 31 март, пак, на програмата е „Макбет“.
МНТ премиерно онлајн пред два дена ја прикажа „Парите се отепувачка“, а на 19 март одеше „Изгубени Германци“.
И Театар комедија синоќа ја прикажа претставата ,,Хамлет во пикантен сос“.
Прикажувањето на претставите онлајн е во насока на заложбите на државата, граѓаните да останат дома поради ситуацијата со коронавирусот.
МИА