Продажбата на огнено оружје во САД рапидно расте во момент на ширење на инфекцијата со новиот коронавирус, јави американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си.
Според каналот, приходите од една од најголемите американски продавници за оружје, ammo.com, се зголемиле за 309 отсто во февруари, и со порачки преку интернет зголемени за 222 отсто.
Во изјава на претставници на продавниците таквата ситуацијата е „без преседан“.
Експертите ја припишуваат зголемената побарувачка за огнено оружје на фактот дека заради коронавирусот и почитувањето на правилата утврдени од надлежните, полицијата ги насочи сите свои ресурси за борба со епидемијата. Ова доведе до драматично намалување на контрамерките и разни видови проверки на населението.
Службениците во полициските станици само одговараат на итни повици, а помали инциденти се обработуваат преку телефон.
МИА