Најпознатиот светски готвач Џејми Оливер, кој минатата година банкротираше, сега со свое шоу ќе им помага на сите како здраво да се хранат додека седат дома во изолација. Тој со свое готвачко шоу што ќе се вика „ Keep Cooking and Carry On“ од понеделник до петок по 30 минути ќе им покажува што да прават со продуктите, кои ги имаат за резерва.
Странските медиуми пишуваат дека тој ќе готви лесни рецепти и совети, специјално прилагодени за услови на криза. Идејата е да го извлечат максимумот од кујните и да бидат креативни со продуктите што веќе ги имаат.
„Готвењето хранливи оброци за себе и за своите најблиски никогаш не било поважно. Ова шоу ќе биде спакувано со лесни и вкусни рецепти во кои може да ужива целото семејство, многу совети, трикови и идеи како да направите хранлива и вкусна храна користејќи едноставни состојки“, изјавил тој за медиумите.
Извор: metro.co.uk