Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов пред еден час на својот Фејсбук профил напиша дека во моментов се руши студентскиот дом „Невена Георгиева- Дуња“, попознат како Медицинар, кој се наоѓа во кругот на Клиничкиот Центар. Оваа одлука да се срушат студентските бараки е донесена за да се направи простор околу Инфективната клиника.
-Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника. Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар. Ова се вработените во Улици и патишта – Скопје. Свесни за сериозноста на времето во кое живееме. И целосно посветени, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.
Директорот на Државниот студенски ценатр „Скопје“, Дарио Николовски, вели дека : „Медицинар, всушност за ништо и не служеше, веќе четири години е затворен“.
https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3193292367562006/